Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска се фотографираше пред амблем на УЧК.
Фотографијата што кружи на социјалните мрежи предизвика лавина жолчни реакции во јавноста.
На фотографијата потпретседателката на Владата и на СДСМ е со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, во неговата канцеларија, а тој за средбата се огласи на Фејсбук.
Помина цело деноноќие, од Владата и провладините медиуми само молк. Изостанаа реакциите како во случајот со поранешната Министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи која беше разрешена бидејќи одржа прес конференција во ресорното министерство во прес центарот пред официјална табла на која беше испишано Република Македонија.