“Раша Тудеј” со прилог за двојните стандарди на западот во однос на Македонија (ВИДЕО)

Untitled

Руската телевизија “Раша Тудеј” објави прилог за настаните во македонскиот Парламент, преку кој посочи на двојните и тројни стандарди на западот кога се работи за случувањата во светот.

“Граѓаните влегоа во Парламентот, при што повредени се повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и пратеници. Граѓаните протестираат против новиот избран претседател на Собранието (етнички Албанец) во држава каде Албанците се една четвртина, и бараат нови брзи избори. Македонија е политички парализирана после оставката на екс премиерот Никола Груевски во јануари 2016 година”, се вели во прилогот.

“Раша Тудеј” вели дека новиот избран претседател Талат Џафери беше милитант во албанската војска за време на конфликтот во 2001 година. Во прилогот се зборува и за осудите на западот за случувањата во Македонија, меѓу кои и оние на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на екс шефот на шведската дипломатија Карл Билт кој граѓаните ги нарече насилници, потоа на официјален Берлин и американската амбасада во Скопје, како и на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Но, руската телевизија не враќа на случувањата во Украина во 2013-2014 година, каде тогашното преземање на институциите во Киев со оружје, палење и невидено насилство, беше презентирано како неопходно и мирно изразување на раволт од страна на тогашниот претседател на САД Барак Обама, помошникот државен секретар Викторија Нуланд, екс претседателот на САД Бил Клинтон и сенаторот Џон Мекејн.

Слично беше сцнариото во Молдавија во 2009 година, кога проевропските протести беа проследени со фрлање молотови коктели и кршење на институциите во Кишинев, главниот град на државата, кога осудата на таквото насилство повторно изостана од светските лидери.

И тогаш и денес ваквите случувања во светот се оквалификуваат како кривица на Русија и руското влијание во овие држави.

За жал Македонија е уште една во низата општества која мора да помине низ истите двојни стандарди на западот.

 

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.