Рачна бомба била фрлена во двор на куќа сопственост на 25-годишник од селото Десово, општина Долнени.
Како што информираат од МВР, од експлозијата биле оштетени неколку прозорци од домот, како и патнички возила „фолксваген голф“ и „о корпелса“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б.
За настанот бил известен јавен обвинител , кој презема мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.