Сезоната во турската прва лига е на самиот почеток, а поранешниот македонски репрезентативвец, Адис Јаховиќ веќе постигна десет голови. Вечера тој четири пати ја тресеше мрежата на Денизлиспор во победата на неговиот Јени Малатијаспор од 4-1.
Првите два гола ги постигна од пенал, третиот со глава, а последниот беше вистинска мајсторија.
Јаховиќ има дадено седум гола во турската Суперлига и три во квалификациите од Лига Европа, но и покрај тоа не добива повик од селекторот Игор Ангеловски.