Нема да има регуларен старт на наставата – новата учебна година в понеделник ќе започне со предупредувачки штрajк. Наставниците ќе дојдат на своето работно место но наместо со детски џагор во училниците денот ќе го поминат во своите канцеларии.
Дали децата ќе се примаат во училиштата без да има настава очигледно ќе зависи само од индивидуалните одлуки на директорите од образовните установи. Првиот човек на СОНК ги замолува родителите на трпение.
Дека нешто може да се промени во дијалогот со Министерството за образование до понеделник Неделков не е оптимист. Просветните работници не отстапуваат од своето барање наместо 5 да добијат 25 проценти покачување на платите.
Неделков вели дека ова го очекуваат со ребалансот на буџетот кој го најави Владата и ќе бараат потврда за реализацијата.
Предупредувачкиот штрajк ќе трае само еден ден. Доколку и до крајот на следниот месец нема значителен напредок на релација СОНК – МОН, ќе се излегува на протecт