Распределени 76 социјални станови

1

Денеска во Прилеп се изврши прелиминарна јавна распределба на 76 социјални станови по огласот за распределба на социјални станови во општина Прилеп во станбената зграда на ул. „Пере Тошев“ број 8, во населбата Точила, објавен од страна на Министерството за транспорт и врски.
Распределбата, се одржа во градската библиотека “Борка Талески„ на која учествуваа и граѓаните кои конкурирале за добивање на социјален стан. На прелиминарната распределба присустваа Владо Мисајловски, Министер за транспорт и врски, Цветко Грозданов, директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, како и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески .
На огласот за добивање социјални станови аплицирале 232 граѓани, но со валидна документација земени во предвид биле 173 лица.
По извршената контрола од страна на Комисијата ќе се утврди конечната листа на добитници на социјални станови.

????????????????????????????????????

3 4 5 6




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.