Распишана потерница за водителот Милан Калиниќ

Прекршочниот суд во Белград распишал две потерници по водителот Милан Калиниќ затоа што не се јавувал на рочиштата за изречување на пресудите и казните.

Калиниќ продолжил да се однесува непримерно во сообраќајот и притоа избегнувал казни за таков вид на возење. Тој досега имал направено два сообраќајни прекршоци. Првата казна му е за пребрзo возење во населено место, а втората за незаконско престигнување.

„Поради тоа што поканите секој пат се враќаа, а со самото тоа беше невозможно да се лоцира актерот, судијата бил приморан на полицијата да ѝ нареди да го приведе Калиниќ“, вели извор близок до истрагата за „Блиц“.

„Иако неколку пати полицијата доаѓала на адресата на Калиниќ за да го приведат поради нејавувањето на судските покани, полицијата ниту еденаш не го затекнале актерот дома. Калиниќ исто така се нема појавено на суд. Првата наредба за приведување е издадена уште во февруари минатата година, а втората во септември. За месец дена ќе поминат точно година дена, период колку што го бара судот и полицијата. Калиниќ во меѓувреме слободно се движи и е присутен во јавниот живот. Тој игра во претстави и гостува во телевизиски шоуа. Но, просто никогаш не е дома кога полицијата го бара“, вели изворот упатен во целиот случај.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.