Витаминка ги израдува најмалите на своите вработени, со ранци, училишен прибор и производи. Сите дечиња на вработените во Витаминка, кои денеска за прв пат зачекорија низ школските клупи, беа гости во компанијата и си ги подигнаа своите подароци.
-Со овој мал, но искрен гест, Витаминка сака да им посака многу среќа, насмевки и успеси на нивниот прв училишен ден. На сите првачиња им посакуваме среќен и успешен почеток на школувањето – напишаа од прилепското царство на вкусови.