РАНО ИЗУТРИНАВА БЕШЕ СПРЕЧЕН ОБИД ЗА НАПАД НА МВР: Спасовски барал од криминалците кои ги постави да дојдат со автомати во МВР!

Тензична беше ситуацијата во МВР од вчера попладнето откако Катица Јанева и нејзиниот тим се обидоа насилно да упаднат во УБК, со тоа предизвикувајќи безбедносна криза која подоцна би требало да заврши со насилно сценарио кое би требало да еруптира на денот на изборите, а се со цел да резултатите од истите да не бидат признаени

1

По основ на добиена наредба од надлежен суд во текот на вчерашниот ден, Катица Јанева и нејзиниот таканаречен тим составен од криминалци се обидоа да упаднат во просториите на УБК, со цел како што велат да ги одземат податоците за тоа кој бил под ПИ Мерки, согласно периодот од 2008 година заклучно со 31 декември 2015 година.

Според директорот на УБК, но и дополнителниот заменик министер Оливер Андонов извршувањето на судската наредба не претставувало никаков проблем бидејќи како што изјавија, тие немаат што да сокријат, но со цел да се заштити националната безбедност потребен е одреден период за приватниот оператор кој располага со опремата за спроведување на ПИМерките да ги одвои податоците кои се бараат согласно наредбата на судот. Поточно, во списокот кој го доставил судот се бараат податоци за ПИМерки кои се завршени но и онакви кои сеуште се активни, а поради високиот безбедносен профил мора да бидат заштитени од било какви злоупотреби, односно како што информираше и дополнителниот заменик министер Андонов, во тие ПИМерки има и онакви кои се поврзани со тероризам, тешки врсти на криминал и субјекти од особено значење за националната безбедност на државата.

Проблемот настанал во моментот кога во кругот на зградата на УБК во комплексот на згради на МВР упаднале десетина припадници на единицата „Алфи“ кои пред неколку дена беа распоредени на раководни функции во единицата од страна на техничкиот министер Оливер Спасовски. Се работи за лица со дебели криминални портфолија, осудувани за тешки форми на криминал.

Според директорт на БЈБ, овие лица упаднале во кругот на зградата на УБК без претохдна наредба, речиси на своја рака за што не бил известен ниту директорот на БЈБ Митко Чавков но и надлежниот началник од СВР Скопје. Дополнително загрижува фактот што, овие лица сега вработени на високи функции во единицата „Алфи“ имале намера да влетаат во УБК вооружени со автоматски пушки, но по долга расправија и противење на надлежните на оружарницата истите се упатиле во МВР со лесно вооружување.

На прашањето што бил планот на овие лица и на техничкиот министер од СДСМ Оливер Спасовски, и зошто им биле потребни автоматски пушки, дали за заплашување или пак за нов пуч кој би почнал со напад на МВР, Директорот на БЈБ Митко Чавков изјави дека уште денес ќе се истражи нивната намера и ќе бидат соодветно дисциплински казнети, но дека верува дека нивната намера била креирање на една голема драма.

Ваквото планирано сценарио за жал не е првпат спроведено од страна на СДСМ и нивните сателити, а поддржани од одредени странски амбасадори кои во јавноста се познати како „чадорот“. Имено, не смееме да го заборавиме обидот за пуч кој СДСМ го организираше во Собранието на Р.Македонија кога како наводна причина беше наведен буџетот кој Собранието требаше да го донесе за наредната година.

Веднаш потоа, за жал успешно беше изведен удар врз државната безбедност со објавувањеот на нелегално прислушуваните материјали, за кои тогашниот премиер на Р.Македонија и актуелен лидер на најмоќната политичка партија во Р.Македонија потврди дека се стекнати преку нелегално прислушување, а на опозицијата и се предадени од одредени странски фактори.

Но, овие два или три примери не се единствените. Во 2001 година СДСМ изврши државен удар и предизвика граѓанска војна преку објавувањето на аферта „Големото Уво“ која по крвавата војна, резултираше со потпишување на рамковен договор, со кој Македонија вештачки беше поделена, а општините беа прекројувани со цел да се зголеми бројот на малцинското население каде што според рамковниот договор беше воведена двојазичност.

Овој пат, „чадорот“ преку Зоран Заев бара двојазичност на целата територија на Р.Македонија, федерализација на државата, а според Рускиот министер за надворешни работи и конечна поделба на територијата на Македонија на Бугарија и Албанија.

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.