Ендру Димер се криел на посебен дел од таванот во моментот кога специјалците и војската се приближувале до куќата во која се наоѓал во шест часот утрото.
Како што пренесуваат медиумите, специјалците го откриле Димер откако го издале неговите кучиња. Заедно со британскиот нарко бос уапсена е и неговата сопруга Марсела Запата (37).
Колумбиските власти се сомневаат дека тој стои зад шверцот на тони кокаин на пазарот во Европа, САД и особено во Велика Британија, од што досега заработил 354 милиони долари.
Според досегашната истрага, Димер и неговата банда имале голем број лаборатории во кои кокаинот се фарбал и паковал како храна за мачки и кучиња, за после испораката на посакуваната дестинација одново хемиски да биде префарбан во кокаин за продажба.
Димер започнал како крадец на споменици, а завршил како најголем нарко бос. Тој сега се наоѓа во затворот “Ла Пикота” во Богота, а медиумите пишуваат дека се согласил да и помогне на полицијата во замена за помала казна од 14 години и 8 месеци затвор.