Албанскиот премиер Еди Рама во својата новогодишна порака рекол дека отварањето на границата со Косово е само почеток и дека се планира истата постапка со Црна Гора, Македонија и Грција – пренесува српски “Спутник”.
“Верувам дека на пролет границата помеѓу Албанија и Косово ќе биде по критериумите на Шенгенскиот договор. Во блиска иднина очекуваме по истиот принцип и модифицирање на границите со Македонија, Црна Гора и Грција. Таквата пракса ќе ја продолжиме се до пристапувањето во ЕУ”, рекол Рама.