РАК ХЕРОЈ: Се спаси од врел лонец во кој требало да биде сварен за супа (ВИДЕО)

Неодамнешно видео од херојски подвиг на еден јастог во обид да побегне од лонец во кој се варела супа, го воодушеви интернетот.

Лутата супа од ракови е специјалитет во рестораните ширум Кина.

На видеото во продолжение се гледа жив јастог кој стои на работ од лонец во кој супата веќе се вари.

За да побегне од лонецот и да не биде жив сварен, јастогот со едната клешта ја фаќа таа која му е веќе внатре во врелата течност и ја откинува од зглобот.

Видеото на кинеската социјална мрежа “Веибо” е вистински хит, а човекот кој го објавил вели:

“Го пуштив да живее. Го однесов дома и го одгледувам во аквариум”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.