Ракометарите на Прилеп на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа одиграа нерешено 28:28 и со овој освоен бод успеаја да ја остварат главната цел, а тоа е учество во суперлигашкото друштво и следната сезона.
Иако во првиот дел прилепчани имаа предност со 4 и 5 гола разлика, Куманово успеа да се консолидира кон крајот на првиот дел и да намали на 13:16.
Во вториот дел гледавме еден поинаков домаќин. Кумановчани најпрво го израмнија резултатот на 16:16, а потоа дојдоа и до предност од 21:18.
Но, прилепчани не се откажуваа и одново дојдоа до предност од 25:26. Следуваше борба за секоја топка до крајот, а Шокоски во 58-та минута донесе нова предност за РК Прилеп од 28:29. Сепак, исклучувањето на Чантурија во последните секунди му овозможи на Куманово да дојде до бод.
Како и многупати досега, кај прилепчани најпрецизен беше Давор Шокоски, кој вечерва постигна седум погодоци, а го следеа Лео Дамчевски и Реваз Чантурија со по шест.
Честитки за ракометарите на Прилеп за обезбедениот опстанок!