“Ракометна брука со оваа Локална самоуправа? Најспортскиот град понижен во секој спорт?”

Фото/ohridnews.com

Прилепчани викендов одново поразени, овојпат на гостувањето кај РК Охрид и тоа со огромни 16 голови разлика (12-4 на полувреме, крај 35-19).

Со овој нов пораз РК Прилеп останува забетониран на 8-то место на табелата во ракометната Супер лига, каде под нив се само екипите на РК Вардар Јуниор и Борец.

Веќе долго време прилепчани немаат причина за радост и во овој спорт, кој пред неколку години полнеше сали во градот.

За жал на ракометарите од РК Прилеп сега им останува само борбата за опстанок во најелитното ракометно друштво.

Потсетуваме дека пред само 3 години, РК Прилеп настапуваше на европско тло, каде имаше двомеч дуел со швајцарскиот тим Винтертур во ЕХФ Купот.

Љубителите на спортот во Прилеп, деновиве на социјалните мрежи потсетуваат на ветувањата за спортот, дадени од актуелниот градоначалник Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.