Ракометарите на ВАРДАР пречекани како национални херои (ФОТО)

Ракометарите на Вардар, кои синоќа испишаа историја со третиот пласман едноподруго на завршниот турнир од Лигата на шампионите, попладнево добија величествен пречек од неколку илјади навивачи и симпатизери пред СЦ „Јане Сандански“ – oбјави “Експрес.мк”

Поразот од 29:25 против ПИК Сегед во Унгарија, доволен за нов настап на фајналфорот на 1 и 2 јуни во Келн, беше прославен како победа од насобраните на платото пред влезот на ракометниот храм во скопски Аеродром.

Како и во Сегедин по мечот, тренерот Роберто Парондо заврши на рацете на навивачите, а играчите буквално не можеа да излезат од автобусот од навивачите што сакаа да ја споделат радоста со нив.

Европскиот шампион од 2017 година утре ќе го добие противникот во полуфиналето меѓу ривалите од групната фаза сезонава – Барселона, Веспрем и Кјељце.

Целата ФОТО ГАЛЕРИЈА погледнете ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.