Разумноста не преовладеа кај голем број верници: Неповратно се уништуваат патеките и ѕидовите на храмот Св. Петка во Прилеп (Фото)

И покрај апелите од храмот Св. Петка во пресрет на веста за Христовото воскресение, верниците да внимаваат со свеќите и да не ги оставаат каде ќе најдат, а со цел да се избегне неповратно уништување на плочките и калдрмата во дворот на храмот, сепак разумот не преовладеа кај секого.

-Храмот “Св. Петка” се заблагодарува на сите кои на воскресенската ноќ со свеќите “помогнаа” да се “фрескоживописа” оградниот ѕид, фонтаните, плочките и калдрмата во дворот на храмот со што оставија неизбришливи траги – напишаа од црквата на Фејсбук.

Како резултат на оваа неразумост, ѕидовите од дворот на црквата и патеките неповратно се уништуваат, а трагите од саѓи и восок ќе бидат видливи засекогаш.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.