Најголемата опозициска партија во Грција, Нова Демократија на Кирјакос Мицотакис, го зголемува водството пред владејачката Сириза на Алексис Ципрас, покажала анкетата објавена од весникот „Прото Тема“, пренесува „Блумберг“.
26,4 отсто од испитаниците се определиле за Нова Демократија, а за во Сириза само 14 отсто.
Мнозинството на владејачката коалиција на Ципрас во парламентот се намали на само два пратеника предност во законодавниот дом со 300 пратеници, откако двајца пратеници на Независни Грци излегоа од коалицијата по потпишувањето на Договорот со Македонија.
Во Грција редовни парламентарни избори би требало да се одржат во септември следната години, но малото мнозинство носи ризик за предвремени избори.
Исто така, ниту еден грчки премиер по Костас Симитис, не издржал цел мандат, без да распише предвремени избори, потсетува„Блумберг“.