Развиорени македонски знамиња во СОФИЈА – Дечките од танцовото студио New Generation од Прилеп со одличен настап на „Estreia Dance Fest Sofia“

Танчерите од Dance Studio New Generation од Прилеп забележаа одличен успех на интернационалниот натпревар „Estreia Dance Fest Sofia“, кој викендов се одржа во Софија, Бугарија, достојно претставувајќи го својот град и државата.

Во силна меѓународна конкуренција, прилепските танчери особено се истакнаа во соло и дуо категориите, освојувајќи повеќе високи пласмани и награди.

Во хип-хоп соло категоријата, први места во своите возрасни групи освоија Јована Стојковска и Мидеа Георгиева, додека Дарија Стојановска се пласираше на второто место. Третото место ѝ припадна на Нина Димоска, а Софија Митаноска го освои четвртото место.

Забележителен успех беше постигнат и во категоријата MTV Dance, каде првото место го освоија Антонина Котеска и Ива Мирческа. Марија Ристеска и Ива Гиноска се пласираа на четвртата позиција, додека висок пласман оствари и Георгина Талеска.

Во дуо настапите, во MTV Dance категоријата, најмладите учеснички Дарија Стојановска и Ива Мирческа освоија прво место, додека Ивана Богојевска и Давор Петкоски го освоија второто место со одлична изведба.

Успехот беше заокружен и со групниот настап на формацијата „Kids Dancers“, која го освои третото место во силна конкуренција.

Од Dance Studio New Generation истакнуваат дека нивните настапи биле на високо професионално ниво, со нови кореографии и израз, при што успешно се носеле со конкуренцијата од повеќе европски земји.

Со овие резултати, младите танчери уште еднаш покажаа дека Прилеп има талентирана танцова сцена која сигурно чекори кон европските врвови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.