Развивањето на свеста кај граѓаните за значењето и неопходноста за спорт и физичка активност, односно движење

image001

Промоција на идејата за занимавање со спорт и физичката активност односно движењето, како еден од основните фактори за унапредување и зачувување на човечкото здравје, потекнува многу оддамна, односно е поврзана со самите почетоци на човечкиот развој.

Нема генерација во човечката историја, која во прв план, како своја основна друштвена и индивидуална вредност не ги ставила, животот и здравјето. Во развивањето, збогатувањето и заштитата на тие вредности кај сите генерации, во сите друштвени системи, во сите друштвени околности, незаменлива улога има спортот. Спортот е игра или натпреварувачка активност што вклучува физички вежби, а пак физичките вежби преставуваат  телесни движења, а движењето активност која одиграла голема улога во развојот на човештвото, односно обликување на човекот во форма каква што е денешната. Односно многу векови и милениуми требало да поминат за човекот да добие таква форма каква што ја имаме денес, благодарение на движењето кое го имал човекот со цел да опстане.

Спортската физичка активност според многу научници се појавува полицентрично низ целиот свет, онака како што се развивала свеста кај луѓето, дека физички појакиот, поспремниот, побрзиот, полесно доаѓал до опстанок и храна.

Но, современиот начин на живот нуди многу позитивни придобивки и го намалува човековит труд, а тоа резултира со намалено движење. Сето тоа може да не врати таму кај што почнавме.

Ајде, сега да си го поставиме прашањето, на кое ниво е свеста кај сите нас (како родители, младина, образование, држава), за потребата од зголемена физичка активност, поготово кај младите, како најцврстата одбрана од пороците што секојдневно демнеат врз нив? Мојот одговор е: “Kај децата одсекогаш имало желба за движење и игра, кај младината и постарите исто така”.

 По мое длабоко убедување државата  во последните неколку години си ја врши својата обврска многу успешно, преку бројни проекти и кампањи за создавање услови за многу подинамичен развој за вклучување на младите во спортот (инфраструктурни услови, изградени сали, игралишта, спортски центри ширум државата). Преостанува во периодот што следи да продолжи тој успешен тренд за создавање на нови и додатни услови за помасовно вклучување на децата и младите во најразновидни форми за физичка и спортска активност.

Свеста за потребата и спортување треба да се подигне на повисоко ниво и ако државата многу успешно и засилено создава услови за тоа, тогаш не преостанува ништо друго освен тие услови максимално да се користат, но и ние како фамилија треба сами да се ангажираме за доброто на нашите деца, а не да чекаме некој друг да го направи тоа за нас.

Па како што човекот настанал и опстојувал со движење и ќе опстојува и во иднина со движење.

Едноставно, движете се.

Движење за движење.

Трајче Димков

Професот по физичко воспитување,

Поранешен репрезентативец и селектор на

репрезентацијата на Република Македонија во борење и

учесник на Олимписките игри во Пекинг




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.