Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Крива Паланка четири литри на метар квадратен, еден во Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Куманово.
Времето денеска е променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и со умерен северен ветер.
Во Прилеп температурите до крајот на неделата ќе се движат од 15 до 19 степени Целзиусови.
Разведрување се очекува дури во понеделник, а во деновите од оваа недела најмногу дожд се очекува во петок и недела.
Утре температурите ќе се движат од 8 до 15 степени Целзиусови, ќе биде умрено облачно со врнежливи периоди.