Радувај се Македонијо! Ова момче ќе ти донесе злато од Олимпијада (Фото)

Дејан Георгиевски обезбеди историска олимписка норма за македонското таеквондо и ќе се натпреварува на Олимпијадата во Токио. Веста за овој голем успех на социјалните мрежи ја сподели неговиот тренер, пратеникот во Собранието, Дарко Костовски.

“Дејан Георгиевски со победа над актуелниот ОЛИМПИСКИ шампион Радик Исаев од Азербејџан резултат 13:6 обезбеди
ИСТОРИСКА ОЛИМПИСКА НОРМА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ОЛИМПИСКОТО МАКЕДОНСКО ТАЕКВОНДО ЗА ОЛИМПИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА !!!
Дејан имаше денеска две борби, првата над Динко Шегедин ја доби со апсолутна доминација!

ДОПОЛНИТЕЛНА УБАВИНА Е ТОА ШТО НА ДЕЈАН ДЕНЕСКА МО Е РОДЕНДЕН !!! Фала му на Господ за овој Божји подарок !

Да не заборавиме дека вчера Филип Додевски го спречи скршеница на раката на патот за олимписка норма, за малку чудото ќе беше уште поголемо со две норми, секако одлична беше и Анамарија!

Во оваа прилика сакам лично да му се поклонам на братми Борче Костовски, кој што исто како и јас живееше за овој миг, но тој е НАЈГЛАВНИОТ кривец за овој ИСТОРИСКИ МАКЕДОНСКИ МИГ!

Благодарност до претседателот на МОК Даниел Димевски и спортскиот директор Владимит Богоевски што пвие олимписки квалификации ги поминаа заедно со нас во Софија.

РАДУВАЈСЕ МАКЕДОНИЈО, ВО ТОКИО ОДИМЕ ПО ЗЛАТО И НИКАКО ПОИНАКУ!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.