РАДОСТ ЗА ДЕЧИЊАТА! Од понеделник во Прилеп стартува петтото издание на детскиот театарски фестивал “Силјан Штркот”

Петта година Театарскиот фестивал за деца „СИЛЈАН ШТРКОТ“ е значаен настан кој продолжува да го обогатува културниот живот кај најмласите и во нашиот град. Нуди многу придобивки за развојот на децата и културниот живот на заедницата.

Тој е важен од повеќе аспекти. Корисен е за развивање на креативност кај децата, збогатување на образованието, развивање на социјални вештини, јакнење на емотивната интелигенција, критичко размислување.

Оваа година на фестивалот учество земаа МТП Прилеп со претставата „Убавицата и Sверот“, МТЦ ЗОНА со „Чернодрински се враќа дома“ , Театра Бабец од Битола со „Бременски музиканти“ и нивната младинска претстава „Сомнително лице“. Програмата продолжува со театарската претстава „Книголандија“ од Театар Штип и ова издание на фестивалот го завршуваме со концер на фамилија 5+ : Бенд 5+ забава за целото семејство.

Секој ден имаме посета на градинки за најмалите деца да земат учество во интерактивните активности и игри. Работилниците кои се предвидени за оваа година, се од различен уметнички свет. Танц, ликовна уметност и драмска култура за да можат децата да се запознаат со основните принципи на и правци во уметноста.

Петтата година на Театарскиот фестивал „Силјан Штркот“ е важен чекор во продолжувањето на традицијата на промоција на театарот за деца. Со неговата богата програма и посветеност на квалитетот, фестивалот продолжува да го инспирира и образува младото поколение, нудејќи им уникатни културни и уметнички искуства.

Фестивалот оваа година ќе се одржи од 16-21 септември, а започнува со претставата “Убавицата и ѕверот” во понеделник, 16.09. со почеток од 12 часот во театарот “Војдан Чернодрински”.

Се гледаме во театар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.