Радосна вест за љубителите на театарот: Закажана премиерата за претставата “Kaменот” во “Војдан Чернодрински”

На 25.11.2020 во 18.00 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде прикажана претставата „Каменот“ од Мариус Фон Мајебург, во режија на Кристина Димитрова.

Ова е прва премиера по пандемијата од корона кризата. Се ќе се одвива според сите протоколи за заштита, и со само 30 проценти публика во салата од театарот.

Изјава на режисерот Кристина Димитрова

По повторното обединување, семејството Хајзинг се враќа во својата куќа во Дрезден во 1993 година, сметајќи ја таа куќа за своја сопстевност. Приказната започнува во 1935 година, кога истото семејство се вселува во куќата, купувајќи ја од еврејско семејство што е присилено да се исели. Шеесетина години подоцна, веќе остарената и дементна Вита, нејзината ќерка Хајдрун и петнаесетгодишната внука Хана пробуваат да се вратат во старата куќа, но тоа оди тешко. Ѕидовите на оваа куќа знаат премногу магливи приказни што допрва се откриваат. Ја чувствуваме исчезнатата среќа, како и остатоците од војната, сиромаштвото, префрлањата, тешките дуели, лаги, непочитувања, лицемерие…Потребна е голема издржливост и многу компромиси за да се живее во мир.

Der Stein, или Каменот е една хроника за семејството Хајзинг која го опфаќа периодот од 1935 до 1993 година. Драмата раскажува дел од германската историја,задржувајќи се на овие шеесет години поминати во семејни тајни, лаги и измами, но и во чувство на вина и одговорност. Фон Мајенбург пишува заедна честа појава, семејство бега од својата вина со избегнување, ревизија и поедноставување на минатото.

„Каменот“ има фрагментарна структура – дејството буквално скокнува низ различни години: 1935, 1945, 1953, 1978 и 1993, а со тоа се создава необична и гротексна стварност, бидејќи гледачот сведочи за сомнежот во минатото и недоразбирањата во денешно време. Кога се открива вистината, дејството се враќа на самиот хронолошки почеток. Крајот нè остава без заклучок, но сознанието за разбирањето на семејството и неговото минато е засекогаш променето.
Со помош на разни, добро подесени драматуршки инсталации, фон Мајенбург го истражува односот меѓу историјата и идентитетот. Неговиот деконструктивистички пристап следи на кој начин преку митот се реобмислува историјата и како митовите се претвораат во темелна приказната за идентитетот. Мајенбург ја користи структурата за да ја истакне проблематичната и збунувачка природа на паметењето и идентитетот, илустрирајќи како тие два елементи комуницираат и се мешаат меѓусебно.

Претставата Каменот се занимава со она што претставувало предизвик за многу драматурзи, режисери, писатели и уметници во повоениот период: како се чувствуваат нашите предци денес во нас самите? Оваа претстава нуди еден увид во желбата за дознавање на вистината, но без самоповредување, односно без оштетување на позитивната самоперцепција.
Мариусфон Мајенбург се занимава со сложеното прашање на одговорност во контраст со идејата за вина.
Режија – Кристина Димитрова

Играат – Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина Мицовска- Станкоска, Марија Димитрова, Илија Волчески.

Сценографија – Валентин Светозарев

Костимографија – Роза Трајчевска – Ристовска

Драматург – Лидија Митоска Ѓорѓиевска

Музика – Томе Темелкоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.