Работникот кој почина од мермерна плоча е од друг рудник: Не бил вработен во Мермерен Комбинат

received_10208752028149535

Работникот кој во вторникот почина после здобиените повреди нанесени од мермерна плоча, не бил вработен во Мермерен Комбинат АД Прилеп, туку во друг рудник за мермер во близина на комбинатот.

Полицијата соопшти дека во вторникот околу 10:30 часот во близина на рудникот „Сивец“, во атарот на селото Присад-Рудник, врз К.П. (48) од Прилеп, вработен во рудникот, паднала една мермерна плоча и го потиснала. Несреќата се случила при сечење на мермерни плочи.

Колеги на К.П. ја тргнале мермерната плоча од повредениот по што тој бил префрлен во Градската болница во Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди во пределот на телото. Поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде починал.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.