Кој ја сака најдобрата работа на светот ? Фирмата “Монделез” која е сопственик на брендовите чоколади како Cadbury, Милка и Оред, распишала конкурс за професионален дегустатор на чоколади.
Овој работник би требало, како што пишува во конкурсот, да јаде само чоколади и да дава искрени оцени за производот.
Работното време трае 7,5 часа од вторник до четврток, а работникот ќе соработува со 11 луѓе.
“Дегустаторот ќе биде од голема помош за Монделез, за да се усовршат и пуштат на пазарот нови производи”, стои во конкурсот.
Не е потребно искуство.
Ф.Г.