По повод 3-ти Ноември, Денот на конечното ослободување на Прилеп, на Свеченета седница на Советот на Општина Прилеп, и оваа година во општинската сала беа доделени третоноемвриските награди и признанија.
3-то Ноемвриски награди беа доделени на заслужни граѓани и граѓански здруженија, кои дале свој придонес во афирмација и развој на општината.
Меѓу наградените беше и судиската двојка од Прилеп, Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески, кои добија награда-диплома за особени достигнувања и афирмација на спортот.
Седлоски и Ангелески многумина ги нарекуваат прилепските Начевски и Николов и зад себе имаат голем број натпревари на кои ја делеле правдата.
Оваа одлука на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, при Советот на Општина Прилеп е за секоја пофалба и се надеваме дека ќе биде поттик повеќе за прилепската судиска двојка. Да се надеваме дека во некоја блиска иднина би ги гледале и како судии на некој репрезентативен натпревар.