Центарот за управување со кризи информира
– На подрачјето на РЦУК – Велес, во општина Чашка, од невремето во с.Мартолци има доста направено штети.
Од ЈКП Тополка има испратено екипи на терен за расчистување на местото викано Долги Рид, имало и паднати бандери за кои се задолжени ЕВН за нивно расчистување. За оваа настаната ситуација е известен и директорот на ЕВН.
Од невремето има направено неколку штети од кои се паднато дрво на главната улица над населба Тунел, на која интервенирале 2 пожарникари со 1ПП возило, дрвото е отстрането. Исто така има пријавено паднат дел од кров на ул.Живко Фирфов истиот е расчистен од страна на ТППЕ Велес со 1 возило и 3 пожарникари. Екипите се на терен со цел да се санираат штетите.
Паднато дрво врз кола, интервенирано е од страна на ЈКП Дервен, при што дрвото е тргнато и ќе се направи увид и записник од страна на СВР Велес.
– На подрачјето на РЦУК – Скопје, имало обилни и силни врнежи на дожд, при што се направени штети како: паднати дрва, кровови од куќи, кабли од струја и дрво врз патничко возило. За сите овие настани известени се Град Скопје, општините и другите релевантни институции.
Претходно од ЦУК информираа и за нестабилност во Пелагонија, каде е забележана и појава на град. На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани беше региструран удар на ветер од 150 км/час – стои во соопштението од Центарот за управување со кризи.