Пpocинечки: He cyм paзговapaл со никoj од македонcката фyдбaлcка peпpeзентација

Роберт Просинечки демантираше дека е во игра за селекторското место во А тимот на Македонија, откако српски Курир најави дека има договор со ФФМ.

Ваквите натписи ги демантираше и ФФМ, а Просинечки за Јутарњи.хр објасни дека нема никаков контакт и договор за превземање на селекторската позиција на нашата најсилна фудбалска репрезентација.

-Вие сте први кои ми го кажувате ова. Не сум ги читал порталите. Навистина не знам ништо за тоа, ви кажувам, прв пат слушам за такво нешто. Воопшто не сум разговарал со никој од македонската фудбалска федерација. Дома сум во Загреб откако се вратив од Турција, други вести нема, изјави Просинечки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.