Несекојдневна сцена пред Домот на Народното Собрание во Србија.
Триесетгодишната професорка по српски јазик и книжевност, Ена Недиќ, денес ги запали сите нејзини дипломи пред сропското Собрание, пренесува Мондо.рс.
Таа на земја ги фрли факултетските дипломи и лиценци кои ги стекнала до сега, а потоа истури бензин и ги запали.
Причината поради која го направи тоа, како што вели, се непристојните понуди кои ги добила барајќи работа.
Пред Собранието и понатаму штрајкува лидерот на партијата Двери, Бошко Обрадовиќ, а него му се придружи и пратеникот Иван Костиќ.