На излезот од Прилеп кон Скопје, на регионалниот пат Прилеп – Градско утринава мирен протест одржаа членовите на независните синдикати на полицијата, шумската, затворската и судската полиција од Прилеп, Битола, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево.
Нивните главни и основни барања за овој протест се покачување на платите за 25%, признавање на репрезентаивноста на независниот синдикат на полиција, нов колективен договор за МВР, колективниот договор за шумската полиција да биде потпишан во најкраток можен рок и изготвување на посебни колективни договори за судската и затворската полиција, први од ваков вид во тие институции, пренесува порталот “Инфокомпас”
Полициските службеници побараа и демократизација на МВР и останатите институции, хиерархиско одделување во институциите, законско почитување на системот за унапредување и системот за кариера, како и подигнување на меѓучовечките односи во тие инститиуции.
Целосниот прилог погледнете го ТУКА