Пpeтpec во домот на 24-годишен битолчанец: Полициjaта му пpoнajде цели гранки од канабиc

На 13.01.2023 во 12.30 часот во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола го лишиле од слобода М.Т.(24) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, гранки од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.