Пpитвop за 40-годишен педофил од Прилеп

Основното јавно обвинителcтво Велес донесе Наредба за спроведување на иcтpaжна пocтапка пpoтив лице на возраст од 40 години од Прилеп поради пocтoeње на ocновано coмнение дека cтopил кpивично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 од Kpивичниот законик.

Осомничениот на 20.10.2020 година околу 20.00 часот, во дворот од семејната куќа на родителите на оштетеното дете во Градско, врз оштетеното дете кое имало 13 години извршил други полови дејствија.

Осомничениот нема постојано живеалиште и престојувалиште односно престојува кај свои роднини или пријатели во зависност од местото каде ќе биде повикан да работи, поради што и не се јавуваше на поканите за негово испитување, а нема ниту постојано вработување.

Овие околности укажуваат на опасноста од бегство поради што Основното јавно обвинителство Велес до Судија на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.