Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски и донесе олимписки медал на Македонија во категорија +80 килограми. Со победата од 12:6 во полуфиналето на Олимписките игри во Токио, Георгиевски се пласираше во финалето од ова натпреварување.
Георгиевски од Токио сигурно ќе се врати со медал, дали ќе и донесе на Македонија злато или сребро ќе покаже финалната борба против Русинот Владислав Ларин кој важи за апсолутен фаворит.
Во полуфиналето Георгиевски го совлада Кореецот Ин кој го носи прекарот „магионичарот“. Магијата на Ин, кој бележи 100 борби и 82 победи на нив, не беше доволна да го запре нашиот Дејан на Македонија да и донесе олимпски медал.
Утринава, патот кон олимпискиот медал, Дејан го започна со победата на актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, а следуваше и победата над Саиду Гбане од Брегот на Слоновата коска.
Финалето е закажано во 14:45 часот.