На Интернет деновиве кружи потpecна фотографија од разделување на татко и ќерка од Општина Бужим во Босна и Херцеговина.
Се работи за Босанецот Фикрет Дедиќ и неговата ќерка, а прегратката помеѓу родителот и малото девојче е направена само неколку минути пред нивната разделба, пред таткото да замине за Бихаќ за да отслужи казна затвор од шест месеци.
Причината поради која тој е казнет се три кубици дрва кои Фикрет ги отсекол во државна шума.
Според информациите низ балканските медиуми човекот го извршил делото поради тоа што немал пари за да купи дрва на легален начин, како и да го прехрани семејството. Не сакал да краде од кај комшијата, ниту од продавниците. Друг избор немал.