Пoвторно кpивична за Градоначалникот на Крушево…именувана како “крушевски транспортер” (Видео)

Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Крушево денеска поднесе нова кривична пријава за крушевскиот градоначалник

На денешната прес конференција пред Основниот суд во Прилеп, претседателката на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Билјана Проеска, информираше дека е поднесена нова, шеста по ред кривична пријава, против градоначалникот Томе Христоски.

Според Проеска се работи за злоупотреба на службената положба во делот на обезбедување превоз за ученици од општина Крушево.

“Без никаков реализиран тендер, градоначалникот на Крушево, на своја фаворизирана фирма, исплаќал две години сума на пари која што не е дозволена според Законот за јавни набавки. Во тој дел градоначалникот на Крушево го отвара вториот случај “Транспортер”, овојпат “крушевски транспортер”, истакна Проеска.

Прес конференцијата проследете ја во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.