Голема тепачка изби помеѓу две семејства на свадба во Индија на 28 октомври.
Насилството настанало после погрешно нарачана песна на самата свадба која се одржала во селото Кодад.
Свадбарите, најнормално си ги почнале адетите, кога во еден момент семејството на невестата започнало да нарачува песни, а сето тоа почнало многу да ги провоцира сватовите, па набрзо започнале и навредите меѓу нив, а за кратко време настанало вистински хаос кога сите фатија да се тепаат меѓу себе па дури и возрасните жени.
Полицијата го истражува инцидентот, а не се знае дали бракот се уште важи.