За утре во Република Српска се закажани големи протести на власта и на опозицијата кои треба да резултираат со соборување на претседателот Милорад Додик, додека, пак, во Македонија со одложувањето на изборите уште повеќе ќе се влоши состојбата.
Рускиот претседател Владимир Путин ги откри мрачните планови на Западот да предизвикаат војна на Балканот и негова трајна дестабилизација. Тој тврди дека војна најпрво ќе се предизвика во Република Српска, потоа во Македонија и на крајот во Србија.
Ова го тврди српскиот весник „Информер.рс“ во своето печатено издание. во текст со наслов „Западот спрема голема балканска војна“.
Во Србија, пак, по убедливата победа на Александар Вучиќ подготвува терен за масовни демонстрации и за непризнавање на претседателските избори кои треба да се случат во март до година.