Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека репрезентацијата на Шпанија е главен фаворит за освојување на Светското првенство во фудбал во Русија.
“Многу репрезентации имаат барем една голема ѕвезда, некои и повеќе, но Шпанија ги има на секоја позиција. Тоа е една од причините зошто беа доминантни во квалификациите, без ниту еден пораз”, рекол Путин на состанокот со новинарите во Москва, пренесува шпански “Ас”.
Путин потсетил дека Шпанија беше на врвот на светот во 2010 година во Јужна Африка, а четири години подоцна во Бразил изненадувачки Мундијалот го заврши уште во групната фаза, но и покрај тоа сега ја гледа како еден од фаворитите во Русија.
Шпанските фудбалери на Светското првенство ќе играат во групата Б со Португалија, Иран и Мароко и доколку поминат понатаму, во осминафиналето ќе вкрстат со групата А во која се наоѓаат домаќинот Русија, Уругвај, Египет и Саудиска Арабија.