Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за германски „Билд“ призна дека во една приика морал да и’ се извини на германската канцеларка Ангела Меркел, за која рече дека е мошне искрена личност кон која се однесува со почит, пренесува „Танјуг“.
Како што посочи рускиот претседател, се’ се случило во 2007-мата година кога на еден од билатералните состаноци со Меркел го земал и неговото куче Кони. Но, се испоставило дека канцеларката се плаши од кучиња.
Тој вели дека во тоа време не знаел за тоа.
Незнаев ништо за тоа. Напротив, сакав да направам нешто пријатно кога ја запознав со моето куче. Пoтоа, објаснив се и се извинив, изјави Путин.
Тој рече дека е убеден дека германската канцеларка е искрена личност која има визија за решавање на разни проблеми, меѓу кои и за конфликтот во Украина.
Верувам дека нивото на доверба меѓу нас е мошне високо, наведе тој.