За време на дочекот на рускиот претседател во храмот Свети Сава, се појави и српската фолк ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца.
Пејачката истакнала дека и е голема чест што се нашла во друштво на претседателот на Руската федерација, претседателот на Србија и Милорад Додик, член на претседателството на БиХ.
“Драго ми е што присуствував, за мене ова е голема чест, во друштво на патријархот и владиката, како и тројцата државници и министри во владата”, порачала Цеца за српски “Курир”.
Meѓутоа, еден детал на сите им падна во очи. Фотографот на “Курир” забележал дека рускиот претседател цело време гледа во српската фолк ѕвезда, па моментот го доловил преку фотографија.