Претседателот на Рустија, Владимир Путин, рекол дека се додека тој е претседател на државата, во Русија родителите ќе се нарекуваат мама и тато, а не родител број 1 и родител број 2.
“Додека јас сум на чело на државата, кај нас нема да има “родител бр. 1 и родител бр. 2″ – ќе бидат мама и тато”, порачал Путин на состанокот со работната група која подготвува уставни измени, пренесува “Спутник”.
За време на состанокот некои од учесниците изнеле сомнеж дека еден ден и во Русија, како што е случајот со многу западни државни, би можело да бидат воведени термините “родител 1 и родител 2”.
Исто така, Путин го поздравил предлогот да во Уставот бидат воведени ставки за поддршка на семејството, со тоа што ќе биде потребно да се размисли за формулацијата.
Пратеничката Олга Баталина предложила на состанокот во Уставот да се внесе овластување на Владата за поддршка, зајакнување и заштита на семејството и традиционалните семејни вредности.
“Треба да се прецизираат некои работи”, рекол Путин на состанокот.
“Бракот е заедница на маж и жена, а со семејството е малку поинаку. Идејата е исправна и треба да се поддржи, само треба да се размисли за формулациите”, додал Путин.