Пулексенија Јованоска од Прилеп избрана за најдобра спортистка во индивидуален спорт на “Вечер за жени во спортот” (Видео)

Синоќа во хотелот “Мериот” во Скопје по втор пат се одржа манифестацијата “Вечер за жени во спортот”.

Манифестацијата има за цел промовирање на женските успеси во спортот кај нас, а е во организација на граѓанската организација “Такт”, која се залага за унапредување на родовата еднаквост во спортот и промоција на лидерство преку спорт.

Спортски статуетки за достигнувања во спортот се доделија во 12 категории, а во категоријата најдобра спортистка во индивидуален спорт за 2019 година беше избрана Пулексенија Јованоска од Прилеп.

Нејзиното обраќање на манифестацијата можете да го проследите во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.