Пулексенија Јованоска го освои петото место на Европското карате првенство за сениори во кати. Во директната пресметка за бронзениот медал загуби од Александра Ферачи од Франција.
Јованоска за изведбата доби 25,46 поени (17,78 + 7,68), а Ферачи 26,08 (18,34 + 7,74).
Ова е голем успех за Јованоска, што го повторува на европските шампионати.
Во втората пресметка за бронзата Дилара Елтемур од Турција со 26,32 поени беше подобра од Вероника Мискова од Словачка која доби 24,82 поени.
Извор: “Ипон.мк”