ПУБЛИКАТА СКОКАШЕ ОД ЕУФОРИЈА: Светиниколскиот турнир во мал фудбал им припадна на “Златно Зрно”

111111

И оваа година турнирот во мал фудбал во чест на заштитникот на Прилеп “Св. Никола” привлече огромно внимание и донесе огромни изненадувања.

Вчерашните финални натпревари ја разгорија атмосферата и предизвикаа невиден спектакл.

На задоволство на преполната сала, во конкуренцијта сениори, победи миленикот на публиката, екипата “Златно Зрно”.

Во големото финале eкипата на  “Фурна Златно Зрно” победи против екипата “Македонија” со 3:2, во возбудлив и драматичен натпревар до самиот крај.

Во останатите финални натпревари се остварија следните резултати:

ФИНАЛЕ ВЕТЕРАНИ
АВТОКОНТРОЛ-ЗЛАТНА РАКА 1-1(4-5пенали)

ФИНАЛЕ ГЕНЕРАЦИЈА 2002
РУСТИКА-ОПШТИНА ДОЛНЕНИ 5-0

СЕНИОРИ ЗА 3 МЕСТО

ТОБАКО ДИСКОНТ РУНА МАК-ЦЕНТАР РУБИН ЗЛАТКО 4-0

СЕНИОРИ ФИНАЛЕ

ФУРНА ЗЛАТНО ЗРНО (РАДОВИШ)-МАКЕДОНИЈА 3-2

ПЛАСМАН
1.ФУРНА ЗЛАТНО ЗРНО
2.МАКЕДОНИЈА
3.ТОБАКО ДИСКОНТ РУНА МАК
4.ЦЕНТАР РУБИН ЗЛАТКО

На крајот беа одбрани и најдобрите меѓу играчите:

НАЈДОБАР ГОЛМАН
СРКЕСКИ ХРИСТИЈАН(ТОБАКО ДИСКОНТ РУНА МАК)

НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ
ЛЕВКОВ (ФУРНА ЗЛАТНО ЗРНО)

НАЈДОБАР ИГРАЧ
САШКО ДИМОВ (ФУРНА ЗЛАТНО ЗРНО)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.