“Проштална забава” за Ѓукановиќ во центарот на Подгорица: Ја завршија со химната на Црна Гора и бакли! Еве што му порачаа на Aбазовиќ (Видео)

Во Подгорица, на плоштадот во центарот на градот, Црногорците му приредија “проштална забава” на претседателот на ДПС Мило Ѓукановиќ, чија партија беше поразена на парламентарните избори.

Учесниците на собирот до центарот на градот пристигнуваа со вклучени сирени и срвени знамиња, а од сите страни се слушаше и “Е вива Монтенегро”.

Собирот беше завршен околу 20:20 со химната на Црна Гора “Ој свијетла мајска зоро”, а плоштадот беше осветлен од стотици бакли.

Немања Батричевиќ им порача на лидерите на движењето УРА да размислат што прават и доколку ја предадат Црна Гора во рацете на “четниците”, ќе бидат запаметени како најголеми предавници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.