Професорот по филозофија во прилепската гимназија, Јане Ѓорески, објави фотографија на која може да се види во каква очајна состојба се наоѓа депото на браќата Миладиновци, едни од главните претставници на македонската преродба во средината на XIX век. Една жална слика која зборува дека воопшто како држава не водиме сметка за нашето културно наследство.
Фејсбук статусот проследете го во продолжение:
“Депо на музејот и родната куќа на браќата Миладиновци (Димитар и Константин)…На маргините фрлени во заборав, во смет прашина и влага…Расфрлани книги и делови од неупотребливи правосмукалки…Што ни зборува тоа, во каков пакост неукост и рамнодушност оваа т.н. македонска нација своите симболи ги претвора во разводнета каша инфериорно заоблени во предмет на неважност, или можеби стручна намера на директно укинување на идејата се’ што е свето и македонско, да биде изолирано во кодекс на небитност и раскалашена непобитност.
Koга би добиле и најмал знак на власт и супериорност овој тип сегашни луѓе би зеле чак дури и багер и би ја срушиле цела музејска поставка…
Ете така за инает, за додворување можеби демоде некоја сигнализација за да се доуништи скоро се’…една тажна слика од милион зборови, распад на нацијата испосечена папочна врска со оние кои биле жртва на МАКЕДОНСКА автохтона кауза…
Перфидна периферизација, чувство на вина, одроденост, ниска степеназа на возможност, отуѓеност, сето тоа поткрепено со протоколи и кетеринг служба….да се јади брзо сервилно на маса коски под маса мачка рунтава….
Струшки вечери на поезијата…збир на мисла зборови меридијани….љубов кон мудроста вариетети кон посебноста на јазиците од целиот свет…заради нив за тие браќа кој први се дрзнаа да кажат дека нивната мајка и јазик се МАКЕДОНИЈА…ПОГУБЕНИ НОРМАЛНО ВО ГРАЃАНСКИ ЗАНДАНИ…за што…како…молам…ало…ЗА КАУЗА…
СЕНГОР, НЕРУДА, АЛБЕРТИ, БРОДСКИ, ГИНСБЕРГ…беа тука…сите тие беа тука на мостот под него Дрим син и убав…. во што се претвора ова време со што се пресметува во која насока плива плутата на умот…дали го допревме дното дали сонот не лачи повеќе езотерија дали соновите се претворија во нескладна ветена земја …дали деструкцијата ја порази светоста на душата дали се што сега треба да умре во својата недоживеана младост…млад КОНСТАНТИН од Русија СО ЉУБОВ ЧЕМЕРЕЕШЕ ЗА ТОПЛИОТ ЈУГ… оној кој сега го нема во пресметката со половите….андрогеноста на поривите и колевките на цивилизациите….депо на опомена фрлена ракавина на идните генерации да сочуваат вредности во некоја друга глобална метафизичка небиднина”.