Професорот од Прилеп Гулабоски: Вакцината против сите видови на канцер ќе биде достапна за една до две години

Научникот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Рубин Гулабоски, кој е меѓу топ два проценти на највлијателни научници во светот според Стендфорд листата, во видео интервју за МИА вели дека доколку нема државни, политички и фармацевтски опструкции, вакцината против сите типови на канцер ќе биде достапна на пазарот за една до две години.

-Тоа е резултат на истражувања на „Бионтек“ компанијата којашто беше вклучена во дизајнирањето на „Фајзер бионтек“ вакцината мРНА за која можеме што сакаме да кажуваме, меѓутоа таа го спаси човештвото. Веќе ги имаат објавено првите резултати пред неколку недели, каде што на животни имаат покажано повеќе од 80 проценти ефикасност на сите типови на канцер, вели Гулабоски во интервјуто снимено во прес-центарот на МИА во Штип.

Според Гулабоски, преку науката однапред можат да се предвидат проблемите, што ќе се јават во светот. Сајбер безбедноста, криптовалутите и енергетските проблеми ќе бидат главните проблеми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.