(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)
“Јас пак за Стопанскава комора, само сега за прилепскава. Што да правам, не можам да издржам, посилно е од мене! Овие нашиве, од Стопанскава комора де, сигурно се на „нешто“ појако од скопјанине.
Поради масовното иселување се соочувале со недостаток на работна сила од секаков вид. Види Бога ти! Арно ви текна! Сега она најјакото: „Од Регионалната стопанска комора во Припеп дури предложија тоа да се направи со УВОЗ НА РАБОТНА СИЛА, искусто кое го користеле некои соседни држави.“ Увоз на работна сила?
Ние бре сме станале како германцине што увезуваат работна сила од Бугарија, од Хрватска, Романија, Албанија … И сето тоа благодарение на Владата која вети и, очигледно „исполнува“ дека не само што ќе го спречи егзодусот ами и ќе ги врати младите во МК, во Северна МК, де!
Е па сега нека ги врати и така нека им излезе во пресрет на нашиве модерни робовладетели од Стопанската комора. Но за жал, не само што нема да се спречи егзодусот или, смешното ветување дека ќе се вратат, туку Македонија допрва ќе се соочи со иселување, особено ако влеземе во НАТО и ЕУ, по примерот на државите кои ги споменав погоре.
А Вие, г-да бизнисмени, очигледно живеете во друга димензија. Решението на проблемот е многу едноставно: ПОКАЧЕТЕ ГИ ПЛАТИТЕ! Всушност, Вие сте едни од поголемите виновници за иселувањето и за тоа што немате работници. Што мислевте додека „го цедевте комарецот“? Е па сега, или засучете ги ракавите и работете Вие, или покачете плати! Сркајте што сте дробеле!”