(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)
“Со покачувањето на платата на лекарите и мед. сестри од цели 600 денари, Владата „уште еднаш покажува иницијатива за задржување на здравствените работници во земјава“. Така ами како! А јас, пак, веќе се насекирав дека ќе останеме без доктори. Еве, моја роднина веќе најави враќање во Македонија по ваквата мерка на Владата. А Вие, лекари и сестри, кои сте се’ уште тука, откажувајте планови и летови. Повеќе не Ви „држат вода“ оправданијата дека не сте доволно платени! И да си честите!!! Да живее Владата на Премиерот Заев!”