Звуците од сирената на противпожарното возило, претпладнево ги вознемири центарци во Прилеп.
На плоштадот “Методија Андонов-Ченто” голем број погледи беа насочени кон салонот на “Телеком”, каде интервенираа пожарникарите на противпожарната единица Прилеп.
Прилепчани се присетија на денот кога пред неколку години целосно изгоре објектот на стара “Нама”, а денес беше спасен објектот на поранешен хотел “Јадран”.